Нови неволји за Кир Стармер. Прогресивците им го вртат грбот на лабуристите

Поразот на дополнителните избори во лабуристичкото срце ја растури стратегијата на партијата да се приближат до гласачите на реформа, додека ја напуштија својата лојална база


Тешки денови за Кир Стармер

 

Дополнителните избори во Гортон и Дентон на север од Англија го доведоа најстрашниот исход на владејачките лабуристите – победата на Зелените и потенцијалното нивно потиснување како избор на гласачите против Реформа. Овој ризик беше најавуван со месеци. Тоа е само најновата од ненамерните последици произведени од оваа британска влада: прво, манифестна посветеност да не се зголемуваат даноците, што доведе до постојани полукружни пресврти во трошењето, потоа ограничување на имиграцијата што создава недостиг од медицински персонал, а сега обид да се спречи популарниот градоначалник на Манчестер, Енди Бернам, да го предизвика премиерот Кир Стармер за лидерското место, што ја пропелира бунтовничката Зелена партија, анализира „Гардијан“ по шокантниот пораз на кандидатот на лабуристите.

Британскиот весник пишува дека иако ризикот бил јасен, лабуристите едноставно одбиваа да го признаат. „До неодамна, стратегијата на Број 10, како што ја дефинираше Морган Мексвини (донеодамна десна рака на Сатрмер – н.з), беше изградена околу занемарување, дури и навредување, на прогресивните гласачи, и обид да се вратат пребегнувањата на Реформа. До следните општи избори, како што беше аргументот, прогресивците срамежливо ќе мора да ја поддржат Лабуристичката партија, исто како што левичарските гласачи во Франција застанаа зад Емануел Макрон кога дојде време за обединување.

Оваа стратегија се потпираше на поставување на Реформа како бауч и надеж дека ќе собере ‘републикански фронт’ од гласачи од центарот и левицата против неа на денот на изборите. Доколку гласачите од левицата неизбежно се вратат дома, тогаш лабуристите би можеле да се концентрираат на ‘херојските гласачи’: постари, социјално поконзервативни жители на изборни единици ‘црвенио ѕид’ на северот од Англија и Мидлендс. Оттука, месеци на позирање против прогресивните каузи и политика за имиграција подраконска од сè што минатата конзервативна влада предложи.

Тој план беше разбиен од гласачите на Гортон и Дентон. Тие избраа да не застанат зад лабуристите кога се соочија со тврдокорниот популизам на Метју Гудвин, кандидатот на Реформа. Наместо тоа, тие ги поддржаа Зелените. Уште полошо, Реформа барем покажаа дека можат да ја обединат десницата. Лабуристите завршија со поделена левица во која се помалата партија. Тие го загубија својот прогресивен глас од ривал од нивната левица.

Реформа би можела да победи на општите избори во 2029 година, но се чини подеднакво веројатно дека јавноста ќе се здружи против неа.

Но, со кого да се здружи? Очигледниот одговор на тоа прашање треба да биде најголемата прогресивна партија во Велика Британија. Но, очигледниот носител на таа улога, лабуристите, не сакаа да ја прифатат. Наместо да се помират со урбаната гласачка база составена од помлади дипломирани студенти на професионални работни места, посиромашни работници во услужниот сектор и малцински етнички заедници, лабуристите се чини дека копнеат по демографијата што гласаше за нив во 1970-те – постари, физички работници во мали градови. Но, таа група, за добро или за лошо, беше изгубена од лабуристите пред неколку децении. Уште полошо, лабуристите се обидоа да ги вратат назад со реторичко удирање на своите нови гласачи“, пишува „Гардијан“.

Весникот анализира дека „изборните стратегии поттикнати од носталгија не функционираат. А Зелените беа многу поагресивно ефикасни во наоѓањето нова база на гласачи. Далеку од нивната стара база составена од екологисти и љубители, тие решија да ја прифатат лабуристичката за своја. И тие беа во можност да го сторат тоа не само затоа што пронајдоа харизматично водство во Зак Полански и со победничката на Гортон и Дентон, Хана Спенсер; тие успеаја и затоа што лабуристите ја вознемирија пошироката јавност и сопствените гласачи до таков степен што се отвори огромен политички јаз во кој Зелените можат да влезат.

Основниот изборен проблем на лабуристите произлегува од фактот што лево ориентираните гласачи избираат да гласаат против, а не за партии. А прогресивците не само што гласаат против Реформа, туку сега активно гласаат против Лабуристичката партија“, заклучува „Гардијан“.