Нов Гинисов рекорд: Прв пат во историјата родени десет деца одеднаш


 

Госпоѓата Госим Ситхол со едно породување постави нов светски рекорд, а нејзиниот сопруг е зачуден.

Имено, таа роди десет деца одеднаш, седум момчиња и три девојчиња, што се случува прв пат во историјата на човештвото.

„На ултразвукот се гледаа „само“ осум бебиња. Среќен сум, полн емоции, добив седум момчиња и три девојчиња. Но, сега не можам многу да зборувам“, рече Тебохо Цотеци.

Еден јужноафрикански функционер потврди дека навистина се родени десет бебиња во само едно породување, а друг вели дека „допрва треба да ги видат бебињата“. Случајот веќе го истражува и Гинисовата книга на рекорди.

Госпоѓата Ситхол (37) пред шест години веќе роди здрави близнаци, а во моментот се наоѓа во болница во Преторија каде во понеделникот нејзините десет бебиња се породени во 29 недела од бременоста со царски рез. Пред еден месец таа накратко раскажа како се чувствува, а тогаш мислеше дека носи „само“ осум деца.

„Многу се грижев, се прашував дали има место во матката за сите, дали ќе преживеат? Се молев за нивното здравје. Во секој случај овие деца се божје чудо“, рече Ситхол пред еден месец.

Според Гинис, рекордот за најмногу родени бебиња со едно породување, а сите да преживеале, е осум. Тој рекорд е поставен во САД во 2009 година, но тое е веќе историја. Имено, минатиот месец 25-годишната Халима Киси роди девет деца, кои наводно се добри и се наоѓаат во една клиника во Mароко.

Породувањата во кои се раѓаат три или повеќе деца неретко се случуваат кога децата се зачнати со вештачко оплодување, но во овој случај до зачнување дошло по природен пат, без медицинска помош.