Нови 906 случаи на Ковид-19 и 26 починати


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа, од направени 6.006 тестирања, регистрирани се 906 нови случаи на Ковид-19, што е 15 проценти од сите примероци. Починаа 26 лица и оздравени се 343 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Од починатите 26, осум лица се од Скопје, шест од Тетово, Струга три, по две лица во Гостивар и Кичево, и по едно лице во Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово.

Од новозаразените 906 лица, најмногу има во Скопје – 423, Тетово – 68, Куманово – 60, Гостивар – 51, Струмица – 39.

Во моментов активни се 14.785 случаи. Најмногу во Скопје – 5.802, Тетово – 2.004, Гостивар – 1.204 и Куманово – 922.

Целата статистика на Министерството за здравство, можете да ја погледнете на следниот линк: http://iph.mk/wp-content/uploads/2021/09/31.8.pdf