Нови 484 милијарди помош за американските компании

Американскиот Сенат синооќа едногласно одобри околу 484 милијаради долари дополнителна помош за американските компании и болници во борба против новиот коронавирус.
Се очекува утре Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да гласа за предлог-законот. Доколку истиот биде усвоен, тоа ќе биде четврти закон во САД за одговор на пандемијата.
Сите четири закони предвидуваат помош во износ од околу три билиони долари. Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Конгресот брзо да ја одобри мерката.
Предлог-законот усвоен од Сенатот предвидува 321 милијарди помош за програмата за заеми за малите фирми, 60 милијарди долари за програмата заеми при вонредни катастрофи, како и 75 милијради долари за болниците и 25 милијради долари за тестирање на Ковид-19 на национално ниво