Новата методологија усвоена, кога ќе се одреди датумот – во март или мај


STRASBOURG, FRANCE - JANUARY 27: The British Union Jack flag (R) is displayed amongst European Union member countries' national flags inside of the European Parliament on January 27, 2020 in Strasbourg, France. The United Kingdom is set to depart the European Union on January 31, entering a transition period in which it will negotiate a new trade agreement with the bloc. (Photo by Thomas Niedermueller/Getty Images)

Брисел денес го објави новиот план за Балканот – во него има повеќе економски ветување, построги правила за преговорите и можност за реверзибилност на процесот.

Новиот план што го усвои Европската комисија, а кој го претстави комесарот за проширување Оливер Вархеи, е направен некаков мост кон барањата на Париз за менување на пристапниот процес, но и на барањата на други девет-членки на Унијата тоа да не стане бескрајна приказна.

Најважното од планот е што преговорите ќе се  водат во шест тематски кластери. Тие ќе бидат отворени како целина – по исполнувањето на почетните одредници – наместо врз индивидуална основа. Временската рамка помеѓу отворање на кластер и затворање на одделните поглавја треба да биде ограничена, по можност во рок од една година. Таа целосно ќе зависи од напредокот на реформите.

На прес-конференција Оливер Вархеи рече дека основната цел на ЕУ останува иста – проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан.

„Проширувањето на Европската унија во Западен Балкан е врвен приоритет на Комисијата. Работиме на три патеки: прво, денес предлагаме конкретни чекори за тоа како да се подобри процесот на пристапување. Додека ние го зајакнуваме и го подобруваме процесот, целта останува пристапување и полноправно членство во ЕУ. Второ, и паралелно, Комисијата цврсто стои на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и наскоро ќе обезбеди ажурирање за напредокот постигнат од овие две земји. Трето, во рамките на подготовките на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб во мај, Комисијата ќе излезе со план за економски и развој на инвестициите за регионот“, изјави Верхеи.

Тој се надева дека на Самитот во Загреб ќе се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија, дека сите земји-членки ќе дадат зелено светло.

Неговата изјава е малку поинаква од онаа што неодамна ја даде германската канцеларка Ангела Меркел за време на разговорите со албанскиот премиер Еди Рама. Таа тогаш рече дека Германија ќе направи сѐ датумот за преговори со Македонија и Албанија да биде одреден на мартовскиот самит на ЕУ.

По усвојувањето на новата методологија Комисијата ќе го објави и мини извештајот за напредокот на Македонија и Албанија. „Се надевам дека ќе го забрзаме процесот за да добиеме отворање на преговорите со двете земји на Самитот во Загреб. Планот е дека би сакале да имаме експерти од земјите-членки заедно со нашите експерти кои би оделе на терен и би го гледале напредокот на земјите. Суспензијата на фондовите е нешто што ќе продолжиме да го користиме, подготвени сме за тоа ако затреба. Ќе бидеме пропорционални за неиспорачувањето и уназадувањето“, истакна Вархеји.

Тој нагласи дека овие преговори ќе бидат посеопфатни, но ќе се овозможи да се движат побрзо ако земјите испорачуваат побрзо.

Комисијата и лидерите на ЕУ, како што е германската канцеларка Ангела Меркел, се заложија за брз почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија, тврдејќи дека двете балкански држави презеле важни реформи и дека другите сили како Русија, Кина, Турција и државите од Заливот ќе се здобијат со влијание во соседството на ЕУ ако блокот одолговлекува. (Н.В.)