Нова пресметка на големите ривали во македонската кошарка МЗТ Скопје А. – Работнички
Со натпреварот меѓу големите ривали на мак-баскетот МЗТ Скопје Аеродром и Работнички што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде комплетирано 21.коло од МТел Супер лигата. Натпреварот е од исклучителна важност да двете екипи особено што бодовите се пренесуваат и во следната фаза од натпреварувањето. Актуелниот првак МЗТ Скопје А. е второпласиран и за да ја продолжи трката со лидерот ТФТ ќе мора да победи во дербито, додека за Работнички евентуален триумф ќе значи повеќе бодови во борбата за напуштање на опасната зона. Дополнително дуелите на двата тима секогаш носеле своја привлечност. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Претходно се играат дуелите: МКК Куманово – Кожув (почеток 18 часот) и Пелистер – Тиквеш Голден Игл (почеток 18:30 часот).
На претходно одиграните дуели: Ангели – Чаир 78:85, ТФТ – Гостивар 87:82 и Феникс 2010 – Маџари 72:82.
Табела: ТФТ 40 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 37, Пелистер 34, Маџари 32, Кожув 31, Чаир 31, МКК Куманово 29, Тиквеш 29, Феникс 29, Работнички 28, Гостивар 26, Ангели 22.