Нова ИКТ инвестиција од Чешка во Северна Македонија
Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска ќе најават почеток на нова чешка инвестиција во земјава.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и директорот за ИТ инвестиции во групацијата „Арикома“, Михал Томанек, како и управниот директор на групацијата „Сивус“, Игор Лештар.
Како што стои во владиното соопштение, презентирани ќе бидат и претстојните планови во информатичко-комуникациската технологија.