Нов пораст на бројот заразени во Словенија по празничните собирања, денеска повеќе од 3.000


 

Повеќе од 3.000 новозаболени со корона вирус потврдени се во Словенија во последните 24 часа, три пати повеќе од ден претходно и е на ниво од дневните зарази на врвот од четвртиот бран на епидемијата кон средината на ноември лани.

Од 7485 тестови, откриени се 3.393 новозарзани, со удел на позитивни од 45,3 отсто, објави национланиот Институт за јавно здравје.

Растот се припишува на новиот сој омикрон , но и на собирањата за време на празниците.

За споредба, вчера од 2.282 тестови, позитивни беа 1.008, а уделот беше 44,2 отсто.

Владата ќе ја анализира ситуацијата, но оваа недела не се најавуваат нови рестиркции, а тие ќе зависат од пополентоста на болничките капацитети, односно кога во интензивните оддели ќе има над 200 пациенти. Денеска во болница се лекуваат 531 ковид-пацеинт, а 163 се на интензивна.

Оочинаа осум пациенти.