Нов аеродром во Шведска изграден без контролна кула
Новиот аеродром во Шведска е еден од првите на светот кој е изграден без контролна кула за авионски сообраќај.
Ова е еден од првите аеродроми на светот кој воведува нова технологија на далечинско управување со авионскиот сообраќај, со оператори кои не се кула.
Шведската одбранбена компанија „Сааб“ далечински го контролира авионскиот сообраќај веќе една деценија,а тестирања прават насекаде, од ирска, преку САД до Австралија.
Уште една предност на далечинската технологија е тоа што видот се подобрува ноќе и по неповолни услови, а операторите можат да зумираат и да намалуваат.
„Виртуелните кули во принцип делуваат како и секој кој работи на далечина користејќи ја технологијата, без разлика да се работи за образование, софтвер, состаноци и слично“, појаснува Дејвид Гилен, професор на Унифверзитетот Бритиш Колумбија.
Отворањето на новиот аеродром во Шведска планирано е за 22 декември.