Норвешкиот фонд заработи 44 милијарди долари во третиот квартал


Норвешкиот фонд за стабилизација објави во четвртокот дека заработил 412 милијарди норвешки круни (44,31 милијарди долари) во третиот квартал, најмногу благодарение на зајакнувањето на акциите на американските технолошки компании во корона кризата.

Технолошкиот сектор е меѓу ретките индустрии кои имаа корист од мерките за затворање, воведени за спречување на ширењето на пандемијата, бидејќи многу луѓе беа принудени да работат од дома и да купуваат преку Интернет, потсетува Ројтерс.

„Финансиските пазари продолжуваат да бидат под влијание на несигурноста поврзана со корона вирусот. И покрај ова, враќањето на инвестициите на берзите беше добро, пред се поради силниот раст на технолошкиот сектор во САД“, изјави директорот на фондот Николај Танген во соопштението.

Директорот на фондот Николај Танген

Норвешкиот фонд за стабилизација поседува удели во приближно 9.200 компании ширум светот, или 1,5 отсто од сите котирани акции, а инвестира и во обврзници и во недвижнини.

Во август тие објавија дека очекуваат понатамошни превирања на финансиските пазари бидејќи светот продолжува да се бори со пандемијата на „Ковид-19“, како и дека останува неизвесноста какви ќе бидат вкупните последици во реалната економија.

„Таквата процена сè уште стои, сега дури и повеќе, со оглед на неодамнешното пристигнување на вториот бран… Никој не очекува дека дефинитивно ќе заврши“, изјави за Ројтерс заменик-шефот на фондот Тронд Гранде.

„Ние се подготвуваме за можноста пандемијата да трае… дури и следната година.”

Сепак, Гранде забележува мал јаз меѓу реалната економија и финансиските пазари, кои се поддржани со стимулации од владите и централните банки.

„Не можеме јасно да процениме што значи ова за одредени сектори, дали ќе продолжиме да патуваме како и до сега или ќе ги промениме нашите навики“, рече тој.

И покрај превирањата, фондот оствари позитивен принос од 4,3 проценти во периодот од јули до октомври, пред се благодарение на приносот од 5,7 проценти на портфолиото на акции, што претставува 70,7 отсто од вкупното портфолио на фондот.

Основан во 1996 година, најголемиот фонд на светот управува со средства во вкупна вредност од 1.160 милијарди долари. Ова значи дека тој обезбедил приближно 217.000 долари за секој граѓанин на Норвешка, вклучително и за децата.