Норвешки фонд директно вложи во обновливи извори на енергија
Норвешкиот стабилизациски фонд јави за прва директна инвестиција во проект за обновливи извори на енергија, нови категории на имот во кои од оваа година планираат да ги насочат своите вложувања.
Најголемиот државен стабилизациски фонд во светот за 1.375 милијарди евра од данската компанија „Орстед“ купи 50 отстотен удел во ветроелектраните „Борселе 1 и 2“ покрај брегот на Холандија, се наведува во одвоени соопштенија од фондот и од данската фирма.
Спогодбата е потпишана вчера, а завршувањето на трансакцијата се очекува во второто односно третото тромесечие оваа година.
„Борселе“ е втора најголема ветроелектрана на море во светот, потсетува Ројтерс.
Интерес и за проекти во Северна Америка и Европа
Таквите директни вложувања се новина за норвешкиот фонд, кој до лани смееше да вложува само во акции, обврзници и недвижности.
Фондот управува со имот вреден 1.300 милијарди долари, а за периодот 2020 до 2022 година зацртал околу 100 милијарди норвешки круни (9,94 милијарди евра) вложувања во проекти во обновливи извори на енергија кои не се излистани на берзата, како ветропаркови и соларни фарми.
Најмногу го интересираат проекти во Северна Америка и Европа.
Во октомври лани извршниот дректор на фондот Николаи Танген изјави дека фондот тешко напѓа прифатливи инвестиции затоа што има малку проекти, а конкуренцијата е жестока.