Норвешка ќе испрати помош за ПВО системи на Украина во вредност од 246 милиони евра


Норвешката влада денеска соопшти дека на Украина ќе ѝ успрати помош во ракети за системи за противвоздушна одбрана (ПВО) во вредност од 3,2 милијарди норвешки круни (246 милиони евра).

Во соопштението се наведува дека Норвешка ќе испрати ракети за украинските ловци Ф-16 (F-16) и други системи за противвоздушна одбрана.