Њујорк забранува дискриминација на дебелите луѓе


 
 

Њујорк донесе закон со кој се забранува дискриминација врз основа на тежината.

Градските советници кои го поддржаа усвојувањето на законот изјавија дека дебелите луѓе имаат потешкотии во рестораните и театрите, а истакнаа и дека луѓето со прекумерна тежина биле дискриминирани при делењето велосипеди од градските власти, пренесува BBC.

За донесување на законот гласаа 44 советници, а 5 беа против.

Од друга страна, лидерот на опозициските републиканци во градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен оти законот ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого и сè.

„Имам вишок килограми, но не сум жртва. Никој не треба да се чувствува лошо за мене освен за моите копчиња од кошулата“, изјави тој за The New York Times.

Во САД повеќе од 40% од возрасните граѓани се дебели, а студиите покажуваат дека дискриминацијата е сеприсутна, пишува BBC.