Њујорк Тајмс: Трамп планира средба со Путин на почетокот на следната недела


Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од следната недела, објави денеска „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извора.

Потоа, Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа биле информирани европските лидери кои учествувале во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски.

Трамп претходно денеска објави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. з