Нивоата на Треска, Бабуна и Сатеска тројно пониски од јулскиот просек


Трипати пониски од просекот за јули се нивоата на реките Сатеска кај Ботун, Бабуна кај Богомила и на Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Двојно намалени се Лепенец кај Скопје и Крива Река кај Крива Паланка, а снижување, иако не драстично под просекот, покажуваат и Црн Дрим кај Ложани, Црна Река кај Р.Б.Мост, Пчиња кај Пелинце, Струмица кај Ново Село,…

Вардар кај Јегуновце, пак, е двојно повисок од јулскиот просек.

Нивоата на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, се околу просечните вредности.