Ниш ги преместува автобуската и железничката станица поблиску до аеродромот?


Советниците на Градското собрание на Ниш на последната седница ја усвоија четвртата измена на Генералниот урбанистички план на Ниш со која меѓу другото се предвидува преместување на Главната автобуска станица од просторот до Тврдината на просторот кај Фабриката „Филип Морис“ и „Булеварот на хероите од Кошар“, општина Црвени Крст.

Вршителот на должноста директор на Нишкиот институт за урбанистичко планирање, Иван Грмуша изјави дека со усвојување на измените на Генералниот урбанистички план се создава планска основа за преместување на автобуската станица, пишува Нишки вести.

Грмуша рече дека очекува преселбата да се случи во „блиска иднина“.

Тој потсети дека во план е и дислоцирање на Главната железничка станица во близина на аеродромот за да се најдат сите видови транспорт – авионски, автобуски и железнички превоз на едно место.