Нил Јанг продаде 50% од авторските права на своите песни на Hipgnosis Songs
САД- Во својата трета голема аквизиција неделава, Hipgnosis Songs има стекнато 50% од светските авторски права на целиот каталог на песни на Нил Јанг, кој се состои од 1.180 песни, вклучувајќи хитови како “Only Love Can Break Your Heart,” “Helpless,” “Hey Hey My My (Into the Black),” “Ohio,” “Old Man,” “Mr. Soul,” “Like a Hurricane,” “Rockin’ in the Free World,” и многу други.
Канадскиот текстописец ја издаде својата прва песна во 1963 година како член на групата наречена Squires и оттогаш објавува скоро секоја година нов материјал, соло и како член на Buffalo Springfield, Crazy Horse and Crosby, Stills, Nash & Young . Додека прецизните бројки се магливи, со оглед на неговиот широк каталог и често објавување на архивски материјал, во изминатите шест децении тој издаде скоро 50 студиски албуми и повеќе од 20 албуми во живо, од кои 18 се златни, седум во платинест тираж и три во мулти –платинест тираж.
Претходно, Боб Дилан го продаде целиот свој каталог со повеќе од 600 песни во текот на шест децении на музичката издавачка група на Universal Music Group. „Њујорк тајмс“ смета дека правата за песните на Дилан вредат 300 милиони долари.
79-годишниот американски кантавтор, добитник на Нобелова награда за литература во 2016 година, продаде повеќе од 125 милиони плочи низ целиот свет