Николовски: СДСМ победува во Град Скопје
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, го повика ВМРО-ДПМНЕ да не шири лажна еуфорија, бидејќи изборите не се арена за навивање туку натпревар за обезбедување подобар живот на граѓаните.
Притоа, Николовски објави дека кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов, води во Скопје и дека очекуваат негова победа. Исто така, тој објави дека СДСМ победува или има сигурно водство во 27 до 28 општини, споменувајќи ги Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Берово, Кочани, Карпош, Кривогаштани, Шуто Оризари, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Чашка, Росоман и Ново село.
Тој потврди дека во Прилеп победил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, додека за Штип очекува втор изборен круг. Како општини во кои води СДСМ тој ги посочи Куманово, Долнени, Дебарца и Струга, порачувајќи дека во Куманово ВМРО-ДПМНЕ воопшто и не е фактот.