Николоски вели напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека со силно темпо и одлично напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани и дека целосно е завршен еден мост од четирите на кои се работи.

-Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите. Се работи на четири моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен. Ја градиме Македонија, објави Николоски на својот фејсбук-профил.