Никол Кидман блескаше на најважната ноќ на кантри музиката во Нешвил
САД- Оскаровката Никол Кидман (54) блескаше со совршената фигура и белиот тен на црвениот килим на доделувањето на CMA Awards во Нешвил. Се појави со сопругот, кантри-ѕвездата Кит Урбан на најважната ноќ на кантри музиката кој настапи со новиот сингл „Wild Hearts“ за време на наградното шоу со ѕвезди. Актерката, актуелна со филмот Nine Perfect Strangers избра необиќна секси црна тоалета од Ентони вакарело за Ив Сен-Лоран со еден ракав и длабок шлиц за да му парира на стилот на Урбан кој облече металик костум и црна кошула со извезена гитара преку градите.

Меѓу изведувачите беа и Џејсон Алдин и Кери Андервуд, Лук Комбс, Миранда Ламберт, Олд Доминион, Крис Стејплтон, Кејн Браун и Крис Јанг, Блејк Шелтон, Ерик Черч, Браќа Озборн, Ден + Шеј, Џими Ален, Мики Гајтон со Бритни Спенсер и Мед Едвардс и Карли Пирс и Ешли Мекбрајд.

