Никој не сака да работи во британски парламент – студен е, во распаѓање и со глувци


ЛОНДОН – Излегува дека работата во палата не е како што треба да биде. Како што  се  подготвува јануарската седница, политичките службеници се плашат од изгледите да поминат повеќе време во студените, распаднати домови во Парламентот. Наместо тоа, многумина избираат хибридна работа, при што некои доаѓаат во канцеларија колку што е можно помалку.

Дури и лидерот на опозицијата, Кир Стармер, претпочита да работи надвор во модерниот штаб на лабуристите Саутварк преку реката најмалку два дена во неделата, признаваат колегите приватно. И додека некои вработени сè уште сакаат да работат во историска зграда во срцето на Лондон, многу други веруваат дека примамени од моќта  и жестоката конкуренција за работни места, политичарите ги поднесуваат условите што малкумина вработени на друго место би ги издржале.

„Има бројни проблеми со пратеничкиот имот. Тој чкрипи под тежината на неколку илјади луѓе кои работат на него, за кои постарите делови од објектот не се подготвени“, рече Џени Симонс, која го претставува пратеничкиот персонал во парламентот.

Голем дел од Вестминстерската палата датира од 19 век и не е соодветно реновиран уште пред Втората светска војна. Ризиците од пожар и од паѓањето на делови од малтерот се зголемуваат, но голема е веројатноста Парламентот да се реставрира пред следните парламентарни избори во земјата. Ваквите услови сега  поттикнуваат повеќе работа од дома или од алтернативни канцеларии далеку од парламентарниот имот. Како што се наближуваат избори, пратениците во конкурентни места имаат и добри изговори да поминуваат помалку време во Вестминстер, фокусирајќи се наместо тоа на локалните изборни единици.

„Уживањето од работењето во палатата дефинитивно помина“, воздивна вработен во Конзервативната партија. „Ако беше историско наследство, немаше да има апсолутно никаков начин – со сегашните здравствени и безбедносни прописи – да ни биде дозволено дури и да стапнеме во вака оштетена зграда. Ако луѓето работат во подрум, тие дефинитивно никогаш не се склони да работат таму во четврток и петок [т.е. во најтивките денови на парламентот] затоа што е таму е бездушно и без прозорци“, додаваат тие, повикувајќи се на канцелариите во најстариот дел на Вестминстерската палата.

Друг претставник на Лабуристичката партија беше уште поостар.

„Никогаш не би влегол повторно [ако би можел]. Мислам дека има чувство дека парламентот е многу важна зграда, дека имаме многу среќа што сме тука — но всушност не постојат основни стандарди“.

Парламентарните власти инсистираат на тоа дека преземаат активности за да ја одржат зградата.

„Ние работиме напорно за да го одржиме парламентот безбеден и за членовите на јавноста што го посетуваат и за персоналот и парламентарците кои работат овде – и каде што се идентификуваат проблеми, дејствуваме брзо за да ги решиме“, рече портпаролот на Долниот дом.

Во 2022 година,  членови на персоналот поднесоа низа поплаки до парламентарните власти за  недостатокот на греење и  честите прекини на струја. Тие посочија на  мувла во еден од тоалетите до канцелариите од викторијанската ера спроти Вестминстерската палата, користени од голем број пратеници и нивниот персонал.Тушевите на парламентаерниот имот беа затворени по откривањето на бактеријата легионела истата година.

Дури и во помодерните делови на зградата, како што е куќата Порткулис од 2000-тите, има чести проблеми со греењето и водоводот. Минатиот јули, парчиња стакло паднаа од високиот атриумски таван на зградата, пропуштајќи млазови вода низ покривот врз персоналот што работеше долу. Глодари често се забележуваат на имотот, а персоланлот не верува дека овој проблем е сфатен доволно сериозно.

„Само ми кажаа: „Зошто се грижиш? Што е проблемот?“, се сеќава преставнилчка од персоналот. „Тоа е проблем. Јас сум возрасна жена. Не сакам глувци каде што работам“.

Минатиот август беше објавено дека парламентарните власти потрошиле 126.000 фунти обидувајќи се да се справат со проблемот со штетниците во 2022 година. На лице место работи дури и експерт за контрола на штетници со полно работно време. Но, проблемот станува сè потешко да се менаџира, со тоа што издржливите Вестминстерски глодари сега се спротивставуваат на различни форми на глодарициди.

„Ние сме посветени на одржување на хумана и етичка програма за контрола на штетници, фокусирана на превентивни мерки и, каде што е потребно, употреба на различни методи за контрола“, рече портпаролот на Долниот дом, цитиран погоре.

Секако, наклонетоста на Кир Стармер кон модерното ново седиште на лабуристите,  наместо на парламентот, не остана незабележано кај неговиот персонал.Повеќе официјални лица изјавија дека Стармер сега работи од Саутворк најмалку два, а понекогаш и три дена во неделата. Канцелариите на лидерот на опозицијата традиционално се наоѓаат во апартман во зградите на парламентот Норман Шо – уште еден простор дизајниран за време на викторијанската ера и првично локација на седиштето на Метрополитенската полиција. Тие беа апсорбирани од распространетиот парламентарен имот бидејќи побарувачката за канцелариски простор растеше.

Додека Стармер сè уште често работи во парламентот, вклучително и кога има законодавни работи или пред неделното поставување на прашањата на неговиот премиер, колегите велат дека тој има очигледна преференција во однос на  седиштето на улицата Рашворт.

„Стармер навистина ја сака канцеларијата Саутворк“, рече  вработен кај Лабуристите кој тесно соработува со Стармер. „Не се чувствува толку импозантно, само не е многу студено и е многу помодерно.Ова исто така  е „добро за моралот“ и „не прави да се чувствуваме како да се подготвуваме за избори“, додаде вработениот. „Дали е чудно што модерен лидер сака да работи од модерна канцеларија, наместо зграда [Норман Шо] дизајнирана во 1887 година?“- праша тој.

Сепак, некои традиционалисти се подготвени да го бранат статус квото. Џејкоб Рис-Мог, конзервативниот поранешен лидер на Долниот дом, призна дека „има општи проблеми со одржувањето“ со Вестминстерската палата и дека и треба постојано одржување. Но, тој инсистираше на тоа дека поголемиот дел од нејзиниот деловен простор е сè уште „функционален“.За време на пандемијата Ковид, Рис-Мог ги надгледуваше краткотрајните аранжмани за далечинско работење за пратениците – но потоа се заложи за нивно повлекување што е можно поскоро. Тој е меѓу оние кои тврдат дека не постои замена за физичко присуство.

И додека многу вработени веруваат дека условите за работа во Парламентот се едвај прифатливи, останува одреден отпор кон идејата да се преселат од Вестминстер и да се најдат модерни канцеларии. „Можам да седам овде и да стенкам со векови, но не знам кој е одговорот“, рече  службеникот на Конзервативната партија, истакнувајќи ја „историјата и тежината што доаѓа со работата на такво историско место“.

Многу пратеници го делат тој став, а долго одложуваниот проект за реставрација останува на мраз додека парламентарците се загрижени за потенцијалните реакции на јавноста доколку се издвојат милијарди фунти за ремонт на нивното работно место.

„Има луѓе кои работат во други стари згради како во училишта и болниците, каде што имаат ниски температури и проблеми со зградите.Не мислам дека пошироката јавност има многу симпатии за политичарите и нивниот персонал што се жалат дека им е студено на работа или имаат неисправни водоводи кога се случуваат многу полоши работи на други работни места“, посочи еден од парламентарците. (Гардијан)