Невладините организации бараат да се спаси Националниот парк Маврово


Вкупно 19 граѓански организации побараа од владата  Владата итна акција за повторно прогласување и заштита на Националниот парк Маврово во согласност со законските одредби. Тие бараат итно да се заврши процесот на повторно прогласување на Национален парк Маврово и да се обезбеди вистинска заштита на природните вредности на подрачјето. Тие изразуваат загриженост за долгиот процес на трансформирање на Националниот парк Маврово според постојното законодавство и меѓународните стандарди.

Од организациите велат дека Законот за повторно прогласување на Национален парк Маврово и планот за негово менаџирање не се усвоени.

Пријавени се бројни неправилности и незаконски активности, но не се санкционирани. Според организациите приближно 80% од финансиите за Националниот парк Маврово доаѓаат од сечењето шуми и е забележано исчезнување на заштитените животни во паркот.