Неверојатни сцени: Снимено племе во Амазон со кое никогаш не се стапило во контакт (фото/видео)


Десетици луѓе од племето Машко Пиро се појавија во близина на селото Лина Монте Салвадо во југоисточниот дел на Перу.

Припадниците на најголемото  племе во светот со кое никогаш не е стапено во контакт се снимени во перуанската Амазонија на само неколку километри од локалното село.

Овие неверојатни слики од племето Mashco Piro ги објави британската организација Survival International, повикувајќи на итна забрана за сечење на прашумите во Јужна Америка, што е од исклучителна вредност за целата планета.

Околу 50 членови на племето биле снимени од истражувачите недалеку од селото Монте Салвадо во југоисточниот дел на Перу, но тие не биле единствените – група од 17 членови на племето Јине со кои научниците веќе стапиле во контакт се наоѓаат недалеку од селото Пуерто Нуево.

Нивниот јазик е всушност сличен на оној на Машко Пиро, а тие претходно им кажале на истражувачите дека успеале да ги видат заради присуството на дрвосечачите во Амазон.

Ова неверојатно видео е всушност црвен аларм за да се запре уништувањето на шумите.

Според извештаите, компаниите веќе изградиле 200 километри патишта за да можат непречено да сечат шуми, а и покрај тоа што ја гарантираат безбедноста и етиката на нивната работа, перуанската влада признала дека шумата се сече внатре во териториите на племето.