Несреќа на жичница во Црна Гора: Едно лице загина, жена тешко повредена


Едно лице загина, а друго е тешко повредено во несреќа што се случи денес на жичницата на Савин Кук на Дурмитор, потврди Радио-телевизија на Црна Гора (РТЦГ).

Според достапните информации, две лица паднале од корпата на жичницата, и двете се странски државјани.

Несреќата се случила кога корпата, од сè уште непознати причини, се лизнала и удрила во друга.

Тешко повредениот странски државјанин прима медицинска помош, додека околностите под кои се случила несреќата сè уште не се целосно разјаснети.

Според извештаите, жичницата на која се случила несреќата е стара околу 35 години и ѝ недостасува еден столб, што ќе биде предмет на понатамошна истрага.

Полицијата и спасувачките служби се на местото на несреќата, а надлежните органи работат на утврдување на точните причини за несреќата.

Дурмитор е планински масив и национален парк на северот од Црна Гора, познат по зимските спортови, туризмот, планинарењето и природните убавини, а се наоѓа во близина на градот Жабљак.