Нереално: Дупка длабока 50 метри се појави во средината на градот – „голтајќи“ автомобили и столбови (видео)


Дупка длабока 50 метри се отвори утрово пред болницата Ваџира во центарот на Бангкок, а уривањето на земјата уништи автомобили и електрични столбови.

Појавата на кратер во земјата, која е поврзана со изградбата на блиската подземна железничка станица, беше придружена со пукање на цевки од кои излегуваа млазови вода, додека паднатите електрични столбови и кабли испуштаа електрични искри, објавува Ројтерс.

https://twitter.com/i/status/1970696806884692444

Пациентите и жителите од блиските станови беа евакуирани кога пред јавната болница се појави дупка, широка околу 30 квадратни метри и длабока 50 метри.

Болницата објави дека нема да прима пациенти до понатамошно известување. Гувернерот на Бангкок, Чачарт Ситипунт, рече дека пукнала цевка, па затоа биле исечени и кабли за вода и електрична енергија.

„Болницата нема проблеми, но сме загрижени за полициската станица, таму сè уште е опасно и луѓето се евакуирани“, рече Ситипунт. Властите соопштија дека го запреле понатамошното проширување на дупката и внимателно ја следат локацијата.