Немањето физичка активност е поопасно од пушење
Истражување покажа дека невежбањето го загрозува здравјето повеќе отколку пушење, дијабетес и болести на срцето.
Резултатите се базирани на ретроспективна студија во која учествувале 122.007 испитаници кои поминале низ тестирања на Клиниката Кливленд во Охајо во текот на 23 години, во периодот од 1991 до 2014 година.
„Ако не можете да издржите одење или трчање на подвижна лента на стрес-тест сте поблиску до страшна дијагноза, а под тоа подразбираме и смрт, отколку ако имате висок крвен притисок, ако сте дијабетичар или активен пушач“, вели кардиологот Вел Џабер, еден од авторите на студијата.
Тој забележува дека иако добро се познати негативните последици од седечкиот начин на живеење и недоволното движење, сепк бил изненаден од резултатите на истражувањето што укажуваат дека невежбањето е подеднаков, ако не и поголем смртен ризик, отколку пушењето, дијабетесот или болест во поодмината фаза.
Луѓето со седечки начин на живот имаат 500% поголем ризик од смрт во споредба со испитаниците кои редовно вежбале.
Оние кои вежбале минимално сепак имале 390% поголем ризик од смрт во споредба со редовните вежбачи.
Оние кои не поминале добро на тестот на подвижната лента имале два пати поголеми ризици по здравјето отколку луѓето кои се на дијализа.