„Нема нова година, за старатa уште сте ни должни“: Студентите во Белград во целосна тишина ја дочекаа Новата година
По примерот на студентски демонстрации 1996/1997 година, повеќе илјади студенти на Универзитетот во Белград организираа заеднички дочек на Новата година и граѓаните под слоганот: „Нема Нова, за старата уште сте ни должни“.
Граѓаните и студентите се собраа во Пионерскиот парк, од каде тргнаа пеш до Студентскиот плоштад, каде со 15-минутно молчење им оддадоа почит на настраданите во несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Студентите ја дочекаа Новата година во целосна тишина.
„Исполнете ги барањата“, извикуваа насобраните студентите. Кристина Ѓуриќ, студентка на Факултетот за политички науки, изјави за „Данас“ дека таму била заради правдата, подобрата иднина и дека сака да остане во оваа земја со семејството и пријателите.
„Овде сум затоа она што се случи ја прели чашата, нашата Србија заслужува подобро“, рече Ѓуриќ.
На чело на колоната стоеше голем транспарент „Нема Нова, за старата уште сте ни должни“. Зад него беа носени транспарентите „2025 години слобода“, „Несреќна нова година“, „Излези и бори се“, „За појадок јадам кобри“, „Во овој град нема место за нас двајцата“, „Кредит нејќам, тоа не ја прави мојата среќа“.
Во 23,52 часот имаше 15-минутно молчење во спомен на 15-те жртви од трагедијата во Нови Сад, по што студентите имаа настап, а подоцна им се вратија на своите факултети.
Веќе еден месец во блокади се факултетите во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови, кои започнаа поради тепањето студенти на 15-минутните блокади во чест на жртвите од Нови Сад.