Неколку земјотреси регистрирани во текот на ноќта во Грција


Неколку земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани во близина на островот Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Нема извештаи за материјална штета или жртви.

ЕМСЦ наведува дека првиот земјотрес со јачина од 2,8 степени се случил во 4 часот и 45 минути по локално време.

По него околу 6 часот и 22 минути следеше нов од 4,2 степени по Рихтеровата скала.

Набргу потоа, околу 6:29 часот по локално време, е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.