Неколку аеродроми во Русија воведоа привремени ограничувања за летови


Москва  – На аеродромите Владикавказ, Казан, Нижнекамск, Самара и Улјановск се воведени привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони, изјави Артем Корењако, претставник на Росавијација.

„На аеродромите Владикавказ (Беслан), Казан, Нижнекамск (Бегишево), Самара (Курумоч), Улјановск (Баратаевка) се воведени привремени ограничувања за полетување и слетување на авиони“, напиша Корењако на каналот Телеграм.

Тој истакна дека ограничувањата се неопходни заради безбедност на летовите.