Некој во Велење му ја скинал главата на Тито од големиот споменик. Пронајдена е во гепек на автомобил


 

Маж во словенечкиот град Велење обезглавил статуа на Јосип Броз Тито во текот на ноќта, објави РТВ Словенија. „Го осудуваме вандализмот што беше извршен ноќе на Титовиот плоштад во Велење, каде што сторителот го оштети споменикот на Тито и му ја отстрани главата“, објави градската администрација на Велење.

Тие најавија дека што е можно поскоро ќе ја санираат штетата на 6-метарската статуа од познатиот скулптор Антун Аугустинчиќ и ќе се погрижат таа да се врати во првобитната состојба.

Отсечената глава на Тито е пронајдена во багажникот на „Шкода Кодијак“, сопственост на 49-годишен маж кој беше уапсен под сомнение за вандализам. Автомобилот, според порталот „24ur“, имал две различни хрватски регистарски таблички, но осомничениот е словенечки државјанин од областа Велење, град кој некогаш се викаше Титово Велење.

Градот најостро го осуди обезглавувањет, наведувајќи дека во Велење „нема место за вандализам и напади врз културното и историското наследство“. Градоначалникот Петер Дермол напиша на Фејсбук дека тоа е срамен чин. Полициската управа во Целје во соопштението изјави дека станува збор за одвратно сквернавење на културното и историското наследство.