Не барајте апартман, може да изнајмите цел остров: Задоволство за кое не ви требаат многу пари
Сите сонуваме да бидеме на дестинација која е само наша. За реализација на ваква идеја обично се потребни многу пари. Но, дали знаевте дека постои остров кој можете да го изнајмите за вас и вашите пријатели и дека ве чини, во одреден период од годината, само 360 долари!
Тоа е островот Беадр, Ел Нидо на Филипините, кој се наоѓа во близина на островот Палаван, на западниот дел на овој остров, кој се карактеризира со бујна тропска вегетација.
Среќниците кои биле таму велат дека овој остров може да прими до 15 гости, но тие се флексибилни и можете да додадете неколку дополнителни кревети.
Одличен е за посебни прилики, како што се свадби, семејни настани или само собир на пријатели.
Дополнителна услуга може да биде тоа што ќе организираат диџеј кој ќе свири само за вас, со доплата, а можете да ангажирате и готвач, кој ќе ја подготви храната што ја сакате.