Навални префрлен во затворската болница


Алексеј Навални во судот (Фото: Прес-служба на Московскиот суд)

 

Раководството на затворот во кој Алексеј Навални служи затворска казна од 2,5 години, соопшти дека е одлучено да го префрлат Навални во затворската болница.

Затворската служба наведе дека здравјето на опозицискиот политичар е задоволително и дека секојдневно го прегледуваат доктори.

Пријателите на Навални порано предупредија дека неговата состојба е лоша и дека му се заканува откажување на бубрезите доколку не добие соодветна медицинска нега, како и дека видот му е се полош.

За потсетување, рускиот опозициски лидер штрајкува со глд веќе 19 дена.