Навални осуден на 9 години затвор
Рускиот суд порано денеска го прогласи Алексеј Навални за виновен за измама.
Неколку часа подоцна објавија дека е осуден на девет години затвор.
Прогласен е за виновен и за непочитување на судот, а освен тоа мора да плати и отштета од 1,2 милиони рубли, јавија дописниците од Русија.
Казната ќе ја отслужи во затвор со максимална безбедност оддалечен од Москва.
Навални на изрекувањето на пресудата рече дека во затворот бил изложен на постојана психолошка тортура. Потсетуваме, обвинителството за него бараше казна од 13 години затвор.
Набрзо по изрекувањето на пресудата на неговиот Твитер осамна порака:
„Девет години. па, тоа е како што вели ликот од мојата омилена серија „Жица“ знаеше да каже: „Служите само два дена. Тоа е денот кога влегувате и денот кога излегувате“, дури имав и маица со тој слоган , но ја запленија во затворот. Сметаа дека пораката е екстремистичка.“