Навални исклучен од респиратор, може да стане од кревет
Рускиот опозиционер Алексеј Навални е исклучен од респираторот, неговата состојба продолжува да се подобрува. Ова се наведува во пораката на берлинската клиника „Шарите“.
„Шарите“ рече дека Навални може да стане од својот болнички кревет, но на кусо време.
Алексеј Навални се разболе во авионот од Томск за Москва на 20 август. Тој беше хоспитализиран, два дена беше во болницата во Омск. После тоа, тој беше пренесен во Германија на лекување. Германските лекари во неговото тело пронашле траги од нервен агенс од групата „новичок“. Руски лекари тврдат дека опозиционерот паднал во кома поради метаболички нарушувања.
На 7 септември, Навални беше изваден од индуцираната кома. Германската влада објави дека резултатите од три независни лаборатории во Шведска и Франција го потврдиле присуството на супстанцијата „новичок“ во примероците на Навални.
„Шпигел“ напиша дека Навални можел да биде отруен со „поагресивен“ вид на отровот „новичок“. Извори за магазинот велат дека оние што биле вклучени во труењето верувале оти Навални ќе умре во авионот.