Наутро изгледа како Мистер Бин, а потоа ќе се нашминка и се трансформира


Младата италијанска актерка покажа како се преобразува со шминка и луѓето се во неверување!

Фабиола Баjери (18) е позната италијанска тиктокерка и млада актерка, која стана популарна на социјалните мрежи благодарение на видеата во кои ги покажува своите трансформации со шминка.

„Се претворам од Мистер Бин во Кендал Џенер, пишува таа на својот профил на ТикТок, и тоа е навистина прилично точен опис кога ќе го споредите нејзиниот изглед без и со шминка.

Оваа девојка започнува со прикажување на лицето без шминка, а потоа се претвора во вистинска убавица. Факт е дека трансформациите што ги покажува се огромни, но многумина посочуваат дека гримасите што ги прави кога е без шминка, исто така, придонесуваат за таков впечаток.