Научниците открија мутација поради која корона вирусот е толку заразен


 

Повеќето соеви на вирусот САРС-Ков-2 имаат специфична мутација поради која вирусот е многу позаразен. Што повеќе време одминува од почетокот на пандемијата, толку повеќе тие соеви стануваат подоминантни, се заклучува во истражувањето.

На почетокот на пандемијата имаше повеќе соеви на вирусот САРС-Ков-2, односно новиот корона вирус. Како што одминуваше времето, дојдовме до точка 99,9 отсто од сите соеви кои моментално циркулираат да ја имаат Де614Ге мутацијата во врвот. Луѓето инфицирани со тој сој имаат и поголем вирусен титар, пишува медицинскиот портал medscape.com.

Но, иако ова звучи лошо, не е толку лоша вест. Оваа мутација не е поврзана со најлошите клинички случаи и уште подобра вест е што овој сој добро реагира на за сега достапните лекови, па и на вакцините кои во моментот се тестираат.

„Не само тоа, колку и да е лош корона вирусот, една вест е добра, а тоа е дека вирусот сепак споро мутира“, вели авторот на оваа студија, д-р Илија Финклстин, додавајќи дека вирусот мутира поспоро од на пример, ХИВ, што значи дека научниците имаат повеќе време да го проучат.

Повеќето видови на вирусот САРС-Ков-2 имаат специфична мутација поради кои вирусот е многу позаразен, Што повеќе време минува од полетокот на пандемијата, толку повеќе видови се подоминантни, заклучуваат во истражувањето.

Д-р Илија Финлкстин, својата работа на оваа тема ја објави на 30 октомври во медицинскиот магазин „mBio“. Во својата работа заклучи дека мутацијата Де614Ге е најчеста и дека во периодот од 5 до 11 мај во 82 од истпитаниците се наоѓала токму оваа мутација.

Потоа во периодот од 12 мај до 7 јули процентот на инфицирани токму со овој вид скокнал на 99,9 отсто. Тоа се однесува на пациенти од Хјустон кои ги набљудувал овој научник. Вели дека смета одти Де614Ге е доминантен затоа што ја зголемува можноста на врвот на вирусот да се ја отвори келијата и полесно да продре во неа.

Уште еден заклучок кој го донеслот е дека генетиката на пациентот игра важна улога во исходот на инфекцијата.