Насилството во Конгресот ги скара јатрвите Карли Клос и Иванка Трамп


САД– Супермоделот Карли Клос рече дека се обидела да им објасни на деверот Џаред Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп дека оние кои одбиваат да ги прифатат резултатите од изборите во 2020 година се „антиамериканци“.

Клос ја осуди про-Трамп опсадата што се случи во Капитол вчера со твит, додека Конгресот расправаше дали да ги верификува резултатите од изборите во 2020 година.

Опсадата се случи откако претседателот Доналд Трамп разговараше со приврзаниците на митингот „Спаси Америка“, охрабрувајќи ги да се спротивстават на изборните резултати и да се „борат“ за него.

Откако толпата влези во  Капитол, Трамп ги повика да „останат мирни!“

Иванка Трамп исто така напиша во сега избришаниот твит: „Американски патриоти – секое нарушување на безбедноста или непочитување на нашето спроведување на законот е неприфатливо. Насилството мора веднаш да престане. Ве молиме бидете мирни“.

На прашањето да разјасни дали смета дека бунтовниците се „патриоти“, Иванка Трамп го негираше тоа.

„Мирниот протест е патриотски“, напиша таа. „Насилството е неприфатливо и мора најостро да се осуди.

Во твит синоќа, Клос напиша дека „прифаќањето на резултатите од легитимните демократски избори е патриотско“.

„Одбивањето да се стори тоа и поттикнувањето на насилство е антиамериканско“, продолжи таа.

Еден корисник на Твитер одговори на твитот на Клос, повикувајќи ја „да им каже на снаата и деверот на што Клос одговори: „Се обидов“.

Супермоделот е мажена со Џошуа Кушнер, брат на зетот на Трамп и постар советник во Белата куќа Џаред Кушнер и зет на Иванка Трамп.