НАСА на 6 март праќа лет со човечка посада околу Месечината


НАСА соопшти дека за 6 март планира лансирање на човечка посада на лет околу Месечината, првпат по повеќе од половина век.

Тоа би требало да биде најдалечното патување на човештвото во вселената, пренесе BBC News.

Мисијата „Artemis II“ ќе вклучува четворица астронаути кои ќе тргнат на десетдневно патување околу темната страна на Месечината и назад кон Земјата, отворајќи пат за идно слетување на Месечината.

НАСА го одреди датумот на лансирање по успешно изведената „мокра генерална проба“, клучен тест пред лансирањето при кој ракетата се полни со гориво и се минува низ целосната секвенца на одбројување.

Ова беше втор обид на тимот „Artemis“ да изведе пробен лет во Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.