НАСА го објави планот за испраќање на првата жена на Месечината
Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА го објави планот „Артемис“ за испраќање луѓе на Месечината во 2024 година, како што агенцијата соопшти – за првпат по „Аполо 17“ во 1972 година.
Мисијата ќе содржи двајца астронаути, од кои една жена.
Тие ќе се упатат кон Месечината во капсулата „Орион“, која ќе биде прикачена на моќна СНЛ ракета. Според наводите, сè оди според предвиденото, во насока на мисијата што беше најавена во јули 2019 година.
Сè уште не е познато за која астронаутка станува збор. НАСА во мигов има 17 обучени жени на располагање.
Ова патување на Месечината ќе чини 28 милијарди долари, а мисијата е планирана за 2024 година.