Направете тесто за пица како Италијанци: Додадете и еден зачин – ќе биде повкусно


Ова е еден од најдобрите рецепти за тесто за пица.

 

Станете мајстор за пица со овој совршен рецепт за тесто. Веќе не мора да одите во ресторани или да нарачувате храна, највкусната пица можете да ја подготвите дома и тоа е многу едноставно. Замесете тесто, и додадете прстофат оригано, бидејќи овој миризлив зачин го прави многу повкусен. Тестото за пица можете да го наполните по желба.

Состојки:

– 4 чаши брашно
– 2,5 лажички сув квасец
– 1,5 чаши вода
– 1,5 супени лажици маслиново масло
– прстофат шеќер
– прстофат сол
– прстофат оригано (подобро е ако имате свежо)

Подготовка:

Истурете топла вода во садот и додадете шеќер и квасец, па измешајте. Покријте и оставете 5-10 минути. Во друг сад измешајте просеано брашно и сол, па додајте маслиново масло и оригано. Потоа додадете го активираниот квасец и замесете нелепливо тесто. Премачкајте го со маслиново масло, па покријте го со проѕирна фолија и оставете го топло околу час и половина. Потоа растегнете во круг и филувајте по желба.