Напад со украински дрон предизвика пожар на железничка станица во регионот Волгоград


Кабел за напојување е оштетен и пожар избувна во зградата на железничката станица во рускиот регион Волгоград по напад со украински дрон, соопшти регионалната администрација.

-Дрон се урна на железничките пруги во близина на станицата Арчеда, соопшти администрацијата во соопштение објавено на апликацијата Телеграм. „Нема информации за оштетување на шините“, додаде таа.

Неколку возови доцнеле во областа.

-Летовите од регионалниот аеродром во градот Волгоград, административниот центар на регионот Волгоград, беа прекинати неколку часа пред да продолжат околу 6:00 часот по локално време, соопшти руската администрација за цивилно воздухопловство во објава на Телеграм.

Целиот обем на нападот сè уште не е јасен, но регионалниот гувернер Андреј Бочаров рече дека бил „масовен“ и дека бил насочен кон енергетската и транспортната инфраструктура.

Немаше непосреден коментар од Украина, која често ја напаѓа руската инфраструктура, која Киев ја смета за клучна за воените напори на Москва, вклучително и во регионот на Волгоград, кој не е далеку од украинската граница.