Наместо поскапувањата и животниот стандард, за Економско социјалниот совет поважни се други теми
Наместо за стандардот на граѓаните и за зголемените трошоци за живот, денеска на седница на Економско социјалниот совет се расправало за други теми, кои за претсавницитѕе на власта се важни, додека за синдикатот пак, многу е поважно прашањето за скапотијата која го подјадува стандардот на граѓаните. Во меѓувреме, иако повеќепати беше најавувана, владината потрошувачка кошница и натаму е во „фиоките“ на владините институции и никако јавно да се презентира, иако, како што изјави денеска министерот за економиај и труд Бесар Дурмиши, таа била за 13 проценти пониска од синдикалната кошница.
„За жал, на оваа седница на Економско социјалниот соввет оставивме на останатите социјални партнери да зборуваат за животните трошоци и за нивниот пораст, за заштита на куповната моќ на работниците, меѓутоа никој не отвори таква точка на дневниот ред“, изјави по седницата на ЕСС, претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов. Не било покреанто ниту прашањето за минималната плата.
Трендафилов вели дека вредноста на минималната синдикална кошница од почетокот на годината е зголемена за над 3.300 денари. Тоа значи дека ако има двајца работници во семејството, со, како што го нарече „таквото мизерно усогласување на минималната плата“ од 1.600 денари, тогаш сега им недостасуваат околу стотина денари за да може да го покријат само ова зголемување на вредноста на синдикалната минимална кошница, која е за четиричлено домаќинство и која ги претставува најнеопходните услови за живот.

„Ако гледаме на таков начин тогаш платите мора уште дополнително да се зголемуваат затоа што веќе ова зголемување на таа вредност ги изеде до сега покачените плати на работниците“, смета Трендафилов, додавајќи дека смета дека за тоа требаше да се дискутира и на денешната седница на Економско социјалниот совет, но социјалните партнери сметале дека други точки се далеку позначајни од заштита на животниот стандард на работниците.
А, кои се тие важни точки?
Министерот Дурмиши по седницата изјави дека Економско-социјалниот совет го издигнувале на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде што социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките.
„На денешната едница на ЕСС, се отворени важни прашања, што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија“, рече Дурмиши посочувајќи притоа дека бил разгледан годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, со акцент на постигнатите резултати и потребата од дополнително унапредување на социјалниот дијалог, а било дискутирано и за предлог-законот за младински додаток, како и за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, особено во делот на бенефицираниот стаж, со цел обезбедување поправеден и поодржлив систем за работниците во ризични професии.
„Особено важна точка беше оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој предвидуваме речиси 40 милиони евра за поддршка на самовработување, отворање нови работни места и обуки, што ќе придонесе за намалување на невработеноста“, рече Дурмиши најавувајќи дека оперативниот план ќе биде објавен до крајот на месецот или на почетокот на следниот месец.
Разговарано било и за предлог-законот за заштита од пушење, како и за извештајот за работењето на Агенцијата за вработување.
Одговарајќи на новинарски прашања дали треба да се носат мерки со оглед на скок на инфлацијата, Дурмиши рече дека Пазарниот инспекторат е постојано на терен и доколку евидентира случаи на зоупотреби од трговците, „ќе реагираме во согласност со механизмите и мерките што ги имаме на располагање и ќе ја ограничиме профитната бруто-маржа да не оди над 10 проценти“.
Досега, според него, има мало зголемувања на цените, позначително кај берзанските производи.
„Кај другите производи, според анализата што ја направивме за периодот од 1 февруари до 1 април, зголемувањето е минимално, што не е значајно за инфлацијата“, рече Дурмиши.
Прашан дали смета дека не треба да има мерки во услови на сегашната инфлација, посочи дека треба да се гледа од каде доаѓа инфлацијата и оти цените на основните прехранбени производи, каде што имаат надлежност и механизми, се под контрола.
„Од други причини, доколку се утврдат, нормално дека ќе реагираме, исто како што реагиравме и во изминатиот период“, посочи Дурмиши.

Како што рече, постојано се работи на анализа и следење на пазарните движења. Во соработка со Државниот пазарен инспекторат направена е анализа на 55 најосновни прозводи од четири трговски синџири во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година. Резултатите покажуваат минимален пораст на продажните цени од 0,4 проценти, набавните цени пораснале за 1 процент, а истовремено просечната профитна бруто-маржа од страна на трговците е намалена од 16 на 15 проценти, што, истакна Дурмиши, покажува дека и тие презеле товар да излезат во пресрет во тековната криза и да бидат стабилни цените. Кај основните прехранбени производи има благ пораст од 0,45 проценти, најмногу кај јајцата, сирењето, маслото и киселото млеко, но, истакнува, тоа се берзански производи. Кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86 проценти, кај безалкохолните за 1 процент, а кај хигиенските производи пораст од 1,4 процент.
„Со анализите што ги имаме ја гледаме профитната бруто-маржа на трговците. Пазарните инспектори ги контролираат секојднево, ако има девијантно однесување од страна на трговците и зголемување на маржата надвор од она што покажуваат податоците од пазарната економија, нормално дека ќе реагираме со конкретни мерки како што реагиравме со ограничување на маржата на ѓубривото, каде што трговците беа фатени дека ја зголемуваат маржата. Исто така, вчера имавме состанок со трговците што продаваат автогас, каде што беше евидентирано дека има зголемување на маржата од 22 проценти. Разговаравме со нив и веднаш по состанокот, ги намалија цените, односно направија маржа од 5 проценти во големопродажба и 5 проценти на малопродажба. Тоа се случуваше. Да не се случеше ова, ќе одевме со конкретни мерки“, рече Дурмиши.
Тој најави дека на наредната седница на ЕСС ќе биде усвоена просечната потрошувачка кошничка што ја пресметува Владата и оти таа, како што рече, ќе биде пониска за 13 проценти од онаа што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Ние имаме направено методологија за пресметка на просечната и минималната потрошувачка кошничка. Некои ставки од методологијата ги оспоруваме, како и пресметките што ги прават синдикатите, каде што има повеќе разлики. Нашите анализи покажуваат дека нашата пресметка е речиси 13 проценти пониска. Во наредниот период ќе работиме со релевантните институции, особено со статистика, за да се подобри навременоста на податоците, со цел да можеме точно и навремено да ја објавуваме потрошувачката кошничка за секој месец. Во моментот имаме податоци за февруари, делумно и за март и април, но сметаме дека тие информации не треба да се објавуваат во јавноста пред да бидат потврдени од релевантните државни институции“, изјави Дурмиши.

Првиот човек на ССМ, пак смета дека зголемувањето на вредноста на синдикалната кошница покажуав дека мерки се неопходни и дека тие биле потребни вчера, а „утре ќе биде доцна“.
„За жал податоците на Државниот завод за статистика покажуваа 4,9 отсто зголемување на инфлацијата, а делот на храна и пијалоци далеку повеќе од 4,9 отсто“, истакна Трендафилов.
Тој посочи дека во зголемувањето на вредноста на синдикалната минимална кошница за 3.300 денари од почетокот на годината, најголемиот процент или 85 отсто од ова зголемување е во делот на храна и пијалоци. Ако се знае ова, тогаш задолжително е потребно да се донесат мерки, смета тој
„Не знам какви статистички операции и податоци гледаат владините претставници, но еве, ако е нешто добро, тоа што ги намалија акцизите за горивата и тоа помогна, но се разбиора тоа не беше доволно, затоа што два месеци по ред вредноста на синдикалната минимална кошница се зголемува по околу илјада денари. Тоа укажува дека сѐ уште не е доволно и покажува дека треба поенергично да се настапува при креирањето на мерките затоа што мерките ни беа потребни вчера, утре ќе биде доцна“, изјави Трендафилов.