Највисокото дрво на светот обвиткано со алуминиумско ќебе за да не изгори


Гигантската секвоја во Калифорнија, наречена Генерал Шерман, е висока 84 метри и нејзиниот обем во основата е 31 метар

 

Пожарникарите ја завиткаа основата на најголемото дрво во светот во ќебе отпорно на пожар, додека се обидуваат да ја спасат позната шума со гигантски стари секвои од пожарите што горат во калифорниската Сиера Невада.

Колосалното дрво наречено Генерал Шерман во џиновската шума на националниот парк „Секвоја“, како и некои други секвои беа обвиткани како заштита од можноста за интензивен пламен.

Алуминиумската обвивка може да издржи интензивна топлина за кратки периоди. Федералните власти велат дека го користат материјалот неколку години низ западниот дел на САД за да ги заштитат чувствителните структури од пламен. Куќите во близина на езерото Тахо, обвиткани со заштитни материјали, преживеаја, додека другите во близина беа уништени.

Пожарот во Колонијата, еден од двата што гореа во националниот парк „Сековја“, се очекуваше да стигне до Гигантската шума, предел со 2.000 секвои. Тоа доаѓа откако во пожарот изгореа илјадници секвои, некои со огромна височина и стари илјадници години, во регионот минатата година.

Дрвото Генерал Шерман е најголемо во светот по волумен, со 1.487 кубни метри. Високо е е 84 метри и има обем од 31 метри на ниво на земја.

Џиновските секвои се прилагодени на оган, што може да им помогне да напредуваат со ослободување на семето од нивните конуси и создавање чистини што им овозможуваат на младите секвои да растат. Но извонредниот интензитет на пожари – поттикнати од климатските промени – може да ги совлада дрвјата. Тоа се случи минатата година, кога пожарот усмрти од 7.500 до 10.600 големи секвои.

Историската суша и топлотните бранови поврзани со климатските промени ги отежнаа пожарите во американскиот запад. Научниците велат дека климатските промени го направија регионот многу потопол и посув во изминатите 30 години и ќе продолжи да го прави времето поекстремно, а пожарите почести и погубн.

Пожарите се едни од најновите во долгото лето на пожари при што изгореа 9.195 квадратни километри во Калифорнија, уништувајќи стотици домови.