Најубавите плажи во Албанија: Нeистражен туристички бисер


Последните години Албанија стана многу привлечна крајбрежна деснтинација за граѓаните на соседните држави, чии жители се почесто летувањата одлучуваат да ги поминат на плажите на Јадранското и Јонското Море.

Иако Албанија уште е туристички неоткриена и неистражена земја, песочните плажи привлекуваат посетители, особено од Балканот.

Многу места има што може да ги посетите, а во продолжение ви донесуваме некоилку бисери на албанското крајбрежје. Доколку не знаете каде би летувале, еве неколку локации кои ќе ги исполнат вашите очекувања.

Ксамил

На југот на Албанија се наоѓа селото Ксамил кое е дел од националниот парк Бутринт. Селото е изградено во 1966 година во времето на комунизмот.

Ксамил е едно од најпосетените приморски одморалишта како меѓу домаќините, така и од странските туристи. Ако барате песочна плажа, кристално чисто море, недопрена природа и прекрасни пејзажи, тогаш плажата во Ксамил е идеална дестинација за вас. Плажата Ксамил и јонскиот брег на Албанија се вклучени во Гардијановите 20 најповолни дестинации за 2013 година.

Главни атракции се блиските острови. Копнената плажа е мала, но чиста. За време на комунизмот ова подрачје стана познато по производство на маслиново масло, лимон и мандарини

Луковo

На југот на Албанија се наоѓа уште едно восхитувачко приморско место Луковo, познато по плажата Шопела. Во местото живеат само 2.916 луѓе, но таму е една од најпознатите плажи на албанската ривиера.

Иако обично е мирно место, во текот на летните месеци главно има метеж. Луковo е познато меѓу домашните туристи, но го посетуваат и странци. На плажа може да изнајмите брод или кајак, а тука има и ресторани ако огладните.

Борш

Борш е приморско место на албанската ривиера, се наоѓа во регионот Валона. Мало приморско место кое ја крие најголемата плажа на Албанија, долга седум киломтери. Местото е идеално за љубителите на долги прошетки, а ве окружуваат маслинови градини и врвови од планини.

Чистото тиркизно море е идеално за капење, а и ова место ќе биде интересно за оние кои сакаат да уживаат во мир и тишина. Покрај убавината, ова е едно од најмалку посетуваните места во Албанија.

Дерми

Дерми лежи на 42 километри јужно од Валона и е на иста оддалеченост од градот на југ Саранда. Местото е изградено на падините на планината Церауниан на приближно 200 метри надморска височина, а опфаќа три населени места: Ѓилек, Кондраќ и самиот Дерми.

Дерми е напознат по наедна од најдолгите албански плажи. Бидејќи станува збор за долга плажа, може да бирате дали сакате да бидете во преполните делови или сакате да уживате во тишина.

Ако сакате мирен одмор тоа може да го најдете на брегот на Дерми, а средниот дек на плажата обично е преполн со луѓе, и таму живее ноќниот живот.

Ѓипе

Кањонот Ѓипе е залив сместен меѓу Дерми и Вуна, кој се врежал во Јонското Море во областа Валона. Тесниот мореуз е створен од делување на притоките кои течат низ неговиот тесен превој. По должина на кањонот постојат бројни камени формации и низа пештери.

Ѓипе е сместен о преодниот појас меѓу Јадранското и Јонското Море, а е еден од најпосетените атракции по должина на албанскиот брег. Без оглед на тоа, кањонот и натаму е препознат како природно подрачје, затоа што е дом на бројни ендемски видови.

Се потешко е да се најде недопрена плажа на Средозменото и Јадранското Море, но Ѓипе е еден од тие бисери. Бидејќи се крие во дното на кањон, ќе мора да поодите пеш до плажата, но се исплаќа. Природата е совршена за љубителите и ќе ви пружи еден од најдобрите погледи на албанскиот брег. Плажата е од ситен песок, морето кристално чисто, а може да изнајмите кајак или дури и да кампувате.