Најтоксичното овошје на светот: Преполно со пестициди, а повеќето луѓе го јадат често
Избегнувањето на овошјето и зеленчукот третирани со најмногу пестициди е важен чекор кон поздрав живот, а јагодите и спанаќот содржат најмногу токсини.
Овошјето и зеленчукот се клучни компоненти на здравата исхрана, но исто толку е важно да бидат безбедни за јадење – што значи дека не содржат нечистотија и пестициди.
Спанаќ и јагоди: Зошто се апсолутни рекордери?
Секоја година од 2004 година, Работната група за животна средина (EVG), непрофитна организација која има за цел да ја направи животната средина поздрава, ги рангира неорганските производи со најмногу пестициди, кои ги нарекува „Валкани 12“.
– Оваа година, беше утврдено дека 75 проценти од сите земени примероци од конвенционалните свежи производи содржат остатоци од потенцијално штетни пестициди – наведува EVG.
– Но, за оние кои влегоа во „Валканите 12“, огромни 95 проценти од примероците содржеа пестициди – објавува CNBC.
Јагодите и спанаќот повторно ги зазедоа првите две места на овогодинешната листа. Посебно внимание треба да се посвети и на „големиот скок“ на грозјето.
Кои се здравствените ризици од јадење на ова овошје?
Според Центрите за контрола и превенција на болести, некои пестициди се поврзани во човечки студии со проблеми, вклучувајќи спонтани абортуси, вродени дефекти и потешкотии во учењето или развојот кај децата.
Затоа, обрнете внимание на комплетната листа на овошје и зеленчук со најголеми количини на пестициди:
Јагоди
Спанаќ
Кељ, сечкан…
Грозје
Праски
Круши
Нектарини
Јаболка
Бабура и лута пиперка
Цреши
Боровинки
Боранија