Најскапиот олимписки сувенир продаден за еден и пол милион долари
Најскапиот продаден олимписки сувенир е златниот медал кој го освои спринтерот Џеси Овенс на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Тој беше продаден на аукција за 1.466.574 долари на Американецот Рон Буркл за време на онлајн аукција во Калифорнија на 8 декември 2013 година, пишува веб-страницата „guinnessworldrecords.com“.
Џеси Овенс освои четири златни медали на тие Олимписки игри.
Тој победи на трката на 100 метри со време од 10,30 секунди, трката на 200 метри ја истрча за 20,70 секунди, а потоа имаше скок во далечина од 8,06 метри. Тој го освои четвртото злато во штафетата 4х100 метри кога беше поставен нов светски рекорд во таа дисциплина од 39,80 секунди, пренесува „olympics.com“.
Не е познато за која дисциплина го добил медалот продаден на аукција.
Медалот беше продаден од SCP Auctions во име на Елејн Плејнс Робинсон, сопруга на танчерот, актер и пејач Бил „Бојанглес“ Робинсон. Медалот на Бил Робинсон го доби Овенс како подарок за благодарност откако му помогна да најде работа во забавниот сегмент по враќањето од Германија од Олимпијадата, пренесува „guinnessworldrecords.com“.
Купувачот Рон Буркл е косопственик на НХЛ франшизата „Pittsburgh Penguins“, а е и сопственик на Нобеловата награда за литература Вилијам Фокнер, пишува веб-страницата „guinnessworldrecords.com“.
Медалот има историско значење затоа што Овенс, Афроамериканец, освои медали во нацистичка Германија и ги урна расните стереотипи во непријателска средина и ги демонстрираше способностите на црните спортисти на глобалната сцена, пишува веб-страницата „jesseowens.com“.