Најмалку шест мртви на протести во Колумбија, сè почна од даночните реформи


 

Најмалку шест лица загинаа во протести во колумбискиот град Кали, јавуваат локалните медиуми.

Весникот „Тиемпо“ наведува дека се работи за шест лица, додоека радиото РЦН објави дека имало седум жртви.

Претседателот на Колумбија Иван Дуке во петокот прати дополнителна воена помош на полицијата во округот Вале дел Каука, каде беше епицентарот на демонстрациите во главниот град на округот, Кали.

Четири лица загинаа во петокот во Кали во оружен судир околу уличните блокади кои го ограничуваа движењето на луѓето и стоката.

Од крајот на август лани, организирани се бројни демонстрации во различни градови на Колумбија. Најмалку 44 лица загинаа во демонстрациите.

Иницијално, демонстрантите протиестираа против даночната реформа, која во меѓувреме е повлечена. Потоа, се противеа на здравствената реформа, која исто така, во меѓувреме е повлечена, како и заговарање на мировен процес беа причините поради кои луѓето излегуваа на улица.

Во Колумбија во граѓанската војна која траеше повеќе од 50 години, животите ги изгубија 220.000 луѓе. Владата во 2016 година склопи мировен договор со герилското движење ФАРК, што доведе до зајакнување на екомоијата и туризмот ; но мирот е кршлив и чести се насилствата и судирите со полицијата.