Најмалку 23 загинати во напад во близина на пунктови за помош во Газа


Најмалку 23 луѓе загинале во израелски напади во близина на пунктови за дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа, соопштија локалните болници.

Болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа соопшти дека примила тела од повеќе делови на земјата, на југ и во центарот на територијата, откако голем број луѓе се обиделе да стигнат до храна и друга хуманитарна помош во дистрибутивниот центар со кој управува американската Хуманитарна фондација за Газа (ГХФ).

ГХФ е поддржана од Израел и САД, и таа е на чело на дистрибуцијата на помош во Појасот Газа од мај годинава.

Очевидци изјавиле дека пукањето се случило на патот до пунктовите на ГХФ кои се наоѓаат во израелската воена зона.

Обединетите нации тврдат дека во близина на пунктовите на ГХФ од мај до крајот на јули биле убиени 859 луѓе, а уште неколку стотици загинале долж рутите на конвоите со храна предводени од агенциите на ОН.

Израел ја обвини ГХФ дека му дозволува на Хамас да краде резерви на помош, а војската тврди дека пука врз цивили исклучиво како предупредување.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека во изминатите 24 часа уште шест Палестинци починале од глад, а од крајот на јуни од глад починале вкупно 82 лица.

Од глад, од почетокот на војната во 2023 година, починале и околу 23 деца, додаде Министерството.