Ужас во Тајван: Загинаа 46 лица во пожар на зграда


Најмалку 46 лица загинаа во пожар што ноќеска зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван.

Повредените се на возраст од осум до 83 години.

Во повисоките катови од зградата живееле околу 120 станари, додека долните биле ненаселени.

Според весникот „Ејпл дејли“, 12 лица биле најдени претходно без знаци на живот, по што се префрлени во болница каде е констатирана смрт.

Зградата, стара 40 години, се запалила околу три часот наутро, соопшти противпожарната служба во градот Каосиунг.

Пожарот е изгаснат по повеќе од четири часа, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Во тек е и истрага за причините за пожарот.