Најмалку 144 загинати и 732 повредени во земјотресот во Мјанмар, објави државната телевизија


Најмалку 144 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска погоди Мјанмар, објави државната телевизија на Телеграм.

Исто така, се додава дека 732 лица се повредени во земјотресот и последователните потреси, пренесува Скај Њуз. 

Три лица се загинати во Тајланд, а две во кинеската провинција Јунан. 

Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.